Правните рамки за домувањето се опишани во Стратегијата за домување 2007-2014 година:

Меѓународна правна рамка

Правото на домување е содржано во бројни меѓународни документи кои наметнуват на државите - потписнички обврски за преземање на активности со цел да се подобрат животните услови на сите граѓани во државата. Првенствено, ова право е глобално прифатено од страна на Обединетите нации, како и од останатите светски форуми, што резултира во негово вградување во бројни конвенции за човековите права. Истовремено, ратификацијата на овие документи претставува спремност на државата да го почитува и овозможи човековото право на домување, со што се обврзува да го признае правото на соодветен стандард на домување.

  • Еден од тие обиди е и конференцијата на ОН одржана во Истанбул во 1996 година (ХАБИТАТ II), која посебно го акцентира правото на соодветно домување.Со овој документ им се наложува на државите да изработат планови за делување, кои ја вклучуваат и обврската на владата да помогне на населението при решавањето на станбеното прашање. Како резултат на договореното на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН е усвоена ,,Декларација за градовите и другите човекови населби во новиот милениум,, јуни 20012,. Овој документ повторно ја потврдува заложбата на државите да обезбедат пристап кон соодветно домување, што подразбира здраво, безбедно и финансиски достапно домување кое ги вклучува и основните комунални услуги, сообрајќајната пристапност, можноста за слобода на избор на граѓаните, како и правната сигурност на корисниците на становите.
  • Во Меѓународната конвенција за економски, социјални и културни права, во Генералниот Коментар бр.4 од оваа Конвенција, Комитетот за економски, социјални и културни права на Обединетите нации го дефинира поимот адекватно домување како правна сигурност во домувањето.
  • Европските документи коишто се однесуваат на политиката на домување се Европската конвенција за човекови права (член 85) како и член 1 од Протоколот бр.16.
  • Европската унија во членот 31 од Ревидираниот Европски општествен договор дополнително ги обврзува државите да обезбедат ефективно користење на правото на домување преку:
    1. промовирање на домувањето со соодветен стандард;
    2. превенирање и намалување на бездомништвото со тенденција постепено;
    3. цената на домувањето да се усогласи со можностите на оние кои немаат соодветни економски услови за тоа.
  • Повелбата на Европската унија за основните права од 2000 година, креира нов приод во уредување на правото на домување. Станува збор за заложбата за сузбивање на сиромаштијата и исклученоста на социјалните групи што има свои влијанија врз здравјето на луѓето и другите сегменти на општественото живеење.
  • Затоа, ова прашање детерминира зголемување на свеста на јавноста кон овој проблем, преку која ќе се формулира сеопфатна национална политика и обмислен и координиран пристап на сите државни институции.
  • Советот на Европа во документот со препораки од мај 20047 определува што е адекватно домување, дефиниција која е преземена од агендата на ХАБИТАТ. Во оваа листа спаѓа и Декларацијата за човековата околина и развој од Рио, која во принципот бр 3 го истакнува правото на развој кое подеднакво ги опфаќа развојните потреби и потребите за заштита на животната средина за сегашните и идните генерации.

Домашна правна рамка

Транзиционите процеси во Република Македонија предизвикаа промени и во областа на домувањето. Преминот кон пазарна економија наметна поинаков ситем на вреднување, така што станот не е веќе само социјална категорија, туку, пред сè, пазарна, што не значи дека Република Македонија, која уставно се дефинира како социјална држава нема да води грижа за своите граѓани. Оваа уставна определба, мора да се оствари преку усогласување во законодавството и институциите на домување, воедно продолжувајќи со процесот на приватизација на станбениот фонд со воспоставување носител на сопственоста.

Овие процеси претпоставуваат нова правна и институционална рамка за уредување на сопственичките права и односи во домувањето, базирано на принципите на пазарното стопанство, како и воспоставување на економски критериуми во управувањето и одржувањето на станбениот фонд. Комлексноста на овој процес ја наложува потребата од реформи во системот особено во делот на станбеното финансирање и донесување на мерки за поттикнување на станбена изградба, како и насочување на пазарот со станови кон поквалитетно и поекономично градење. Промените во законската регулатива во оваа област започнуваат од 1998 година, со донесување на Законот за домување, кој заради динамичните промени во оваа област претрпе и неколку измени.

Закони, подзаконски акти и програми кои ја уредуваат оваа област се:

  • Закон за продажба на становите во општествена сопственост
  • Закон за сопственост и други стварни права
  • Закон за облигационите односи
  • Уредба за критериумите и начинот на утврдување на продажната цена на становите во општествена сопственост
  • Закон за градење
  • Закон за градежно земјиште
  • Закон за просторно и урбанистичко планирање
  • Програма за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2007 година
  • Закон за денационализација
  • Закон за експропријација
  • Закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили на РМ
  • Закон за стопанисување со станбениот и деловниот простор на РМ
  • Закон за локалната самоуправа
  • Закон за премер, катастар и запишување на недвижностите
  • Закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по договорот за заем по проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лицата со ниски приходи
За domuvanje.org.mk
Пред вас се наоѓа веб страница посветена на домувањето во станбени згради. Веб страницата за домување најпрво започна како Ресурсен центар, оформен како дел од проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефикасност во секторот домување“…
повеќе
Партнери